ВМФЛ: Победа на Македонија ЃП, Кожув подобар од Борец


Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров се новите лидери во Втората македонска лига и тоа откако денеска славеа во соочувањето со Скопје во Автокоманда.

„Лавовите“ победија со 1-0 со голот кој во второто полувреме го постигна Славков со глава. Брегалница пак во самата завршница остана без целиот плен во соочувањето со Детонит Плачковица.

Брегалница водеше со голот на Калпачки до судиското продолжение кога Христов се најде на вистинското место и ги спаси домаќините од пораз (1-1).

ВТОРА ЛИГА – 8. КОЛО

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БРЕГАЛНИЦА 1-1

СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1

КАМЕНИЦА САСА – ОХРИД 1-2

КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – БОРЕЦ 2-0

НОВАЦИ – БАШКИМИ 0-0

ОСОГОВО – АРСИМИ 1-2

ВАРДАР НЕГОТИНО – ПОБЕДА 1-2

ВАРДАРСКИ – БЕЛАСИЦА 0-1

- Реклама -