ВЛЕН: Универзитетот на Рамиз Мерко доби Акредитација за Медицински факултет од министерот Јетон Шаќири, уште еден скандал на ДУИ во заминување

„Универзитетот на Рамиз Мерко, кој е на американската црна листа, доби бакшиш  од министерот на Рамиз, Јетон Шаќири, Акредитација за Медицински факултет!“, реагираат денеска од коалицијата ВРЕДИ/VLEN.

„Овој Универзитет, познат како ‘Универзитет на Мерко’, кој го води Арменд Кадриовски, е познат по ‘производството’ на итни дипломи, како Универзитет каде што низ годините, преку ноќ, дипломирале повеќе од половина од функционерите на ДУИ,  како и многу членови на семејствата на функционери кои потоа се вработиле на  различни работни места.

Ова е ДУИ, овие се функсионери кои се на Црната листа на САД, на кои криминалот им нема граници. За овој скандал министерот Јетон Шаќири мора да даде отчет пред јавноста и да ги покаже сите причини зошто го акредитирал Универзитетот на Мерко да има и Медицински факултет, да посведочи дали овој Универзитет има соодветни кабинети за изучување на предметите од медицината, но и рамка на академски барања“, се наведува во реакцијата.

Прочитајте и:  Таравари: ДУИ се обидува на секаков начин да прикаже дека сѐ е катастрофа откако тие не се на власт

Од ВЛЕН додаваат дека „ваквите дејствија на ДУИ на Али Ахмети и Рамиз Мерко, го докажуваат фактот дека зелените кои станаа Фронт, се главната причина зошто албанскиот мозок ја напушта земјата и работи во Европа и на други места, зошто кај нас вистинските  интелектуалци и професионалци ја напуштат  државата, а Албанците се претставени со незнаење кое ги осиромашува и ги протерува од татковината“.

„Но, на бизнисот на ДУИ и Рамиз – кој функционираше во стилот  земи ја ‘картичката’ на ДУИ, купи диплома од Рамиз и работата ти е сигурна – му доаѓа крајот затоа што новата Влада ќе ги истражува сите случаи на продажба на  дипломите и функционирањето на Универзитетите како што е Универзитетот ‘Мерко’“, порачуваат од ВЛЕН.

- Реклама -