По секоја средба во Мала Речица, може да се потврди еден заклучок- ДУИ е исплашена до срж.
Изгледа тажно колку ова раководство на тазе опозицијата ДУИ е одлепено од реалноста. Му продаваат магла на чесното членство дека се некакви визионери, а всушност ги има фатено уплав од тоа што следи.
Како и во секоја криза што ја доживеа, ДУИ ја има вообичаената тенденција да го користи Охридскиот договор како параван за криминал и неуспеси. Оваа навика на ДУИ сега е јасно читлива. Секогаш кога ќе кажат „Охридски договор“ и „легитимитет“ значат дефокусирање за да се избегнат темите за корупциски скандали и одговорност за време на 22-годишниот режим.
Судбината во несреќа е што Албанците веќе се свесни за оваа манипулација и ја отежнуваат старата реторика на ДУИ, затоа и oткако увидоа дека нивните лажни тези за одбрана на Охридскиот рамковен договор немаат поддршка кај Албанците почнаа да негираат дестабилизација.
Оние кои избегнаа од етничката конкуренцијата и преминаа на граѓанскиот концепт, сега залудно леат крокодилски солзи и се обидуваат да ги уништат гласовите од различни етнички припадности и да ја контесираат волјата на 107 илјади Албанци, за заштита на нивните ситни лични и партиски интереси.
Политичките неуспеси, оркестрираната корупција и незаконското богатење не можете да ги покривате ниту со пропагандни изјави, ниту со купување експертиза, ниту со создавање политички ситуации. Или со други зборови, ниту со Охридскиот договор ниту со промоција на нови договори!
Потсетуваме дека ги изгубивте изборите токму поради ширење демагогија, бидејќи додека зборувавте за интеграција во ЕУ, вашите антидемократски постапки беа клучната причина што ја држеше земјата во заложништво од интеграциите. Народот разбра дека со изјави за ЕУ ги штитите вашите фотелји и џебови, а сега со изјави за легитимитет штитите функционери потопени во корупција да се соочат со правдата.
Време е да се реформираат и да се искористи опозицијата за да се направат кадровски, програмски и прагматични реформи. Картата од Охридскиот договор не ви одминува.
ВЛЕН е гаранција на секој Албанец во оваа власт, па не дозволува да ги држите Албанците во заложништво за да ја спасите криминалната структура на ДУИ. Одговорноста е неизбежна.
Коалиција ВЛЕН