По напорно вежбање, нема ништо подобро од влегување во базен со студена вода за освежување. Но, тоа освежување има последица го зголемува вашиот апетит. Па, кој е идеалниот начин за одмор по вежбањето?
По напорно вежбање, нема ништо подобро од влегување во базен со студена вода за освежување. Но, тоа освежување има последица го зголемува вашиот апетит. Па, кој е идеалниот начин за одмор по вежбањето?
Нова студија покажала дека луѓето кои влегуваат во вода по вежбањето имаат тенденција да јадат повеќе од оние што го одминале базенот. Австралиските истражувачи тестирале 10 физички активни мажи кои поминале низ три тестови. Во секој тест тие поминале по 40 минути на лента за трчање, но во едниот по трчањето влегле во вода со температура од 15 степени, во вториот во вода со температура од 33 степени, а во третиот седел на суво и одмарале. Потоа, секој доброволец добил пристап до шведска маса и им било дозволено да јадат колку сакаат.
Истражувачите исто така земале и примероци од крв од секој доброволец и ги тестирале нивоата на глукоза и лактати во крвта, како и нивото на хормони како лептин и грелин. Лептинот го намалува апетитот а грелинот го зголемува.
Доброволците јаделе поголема количина храна по двата теста со вода отколку по тестот во кој одмарале на суво. Просечната количина на калории која била конзумирана по тестот со студена вода бил околу 489, и околу 517 по тестот со топлата вода. За споредба, по сувиот тест просечната количина на конзумирани калории била 409. Истражувачите откриле ниско ниво на лептин и високо ниво на грелин по двата тестови со вода. По овие тестови биле конзумирани и поголеми количини на протеини и јаглехидрати.
Авторите на студијата додале – „Потребно е понатамошно истражување, по можност со поголем репрезентативен примерок, за утврдување дали се работи за важен податок за спортисти кои се обидуваат да ја контролираат својата тежина, особено за оние кои се натпреваруваат во спортови со строги тежински категории или каде што тежината може да попречи на перформансите. Од друга страна, зголемениот апетит по одмарањето во вода може да биде корисен за обновување на енергијата по екстремно напорни активности.“ [Water immersion following exercise may increase appetite]