Владо Јовановски е првиот добитник на наградата „Мето Јовановски“ на фестивалот „Преку езерото“


 Во Кинотека на Македонија, пред новоизведениот монументален мурал на актерот Мето Јовановски, Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ во соработка со Кинотеката на Македонија, одржаа претставување на ова уметничко дело на авторите Евгенија Трајковска и Драган Илиќ. Вооедно, претседателот на Советот на фестивалот Мими Ѓорговска Илиевска ја претстави единствената „Награда Мето Јовановски за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот” на актерот Владо Јовановски која ќе му биде врачена на 9 август, на свеченото отворање на Фестивалот Преку езерото.

На прес-конференцијата директорот на фестивалот Јани Бојаџи ја претстави официјалната фестивалска програма на долгометражни и кусометражни филмови, како и програмата за студенти која ова година се состои од пичинзи, претставување на своите проекти од страна на студентите по режија на македонските факултети за филм. Најдобрите три проекти и тројца режисери ќе добијат грант за снимање на нивните дипломски филмови од фондот на фестивалот формиран специјално за тоа.

 Техничкиот директор на фестивалот Владимир Карпузовски ги претстави локациите кадешто ова година ќе се одржува фестивалот, а тоа се амфитеатарот, градскиот парк и Музејот на град Дојран. На фестивалот своето присуство го најавија автори и учесници во филмовите од Грција, Хрватска, Србија, Косово, Франција и Турција.

Жирито на фестивалот ќе биде интернационално, членовите ќе бидат објавени на следната прес-конференција. Претседател на жирито и единствен член од Македонија ќе биде лауреатот на наградата Мето Јовановски, актерот Владо Јовановски.

Освен Агенцијата за филм и градот Дојран, фестивалот се одржува со помош на Мтел, Ла тераса, Витаминка, Гулф и други спонзори и спомагатели на фестивалот.

Распоред на програмата

 Ден први, среда, 7 август 2024 година

 „Деца на бродот“

Проекција на филмови за деца и млади

20:00 часот

Анимирани филмови за деца со синхронизација на македонски јазик

„Стела“, 93 минути, Стојан Вујичиќ долгометражен македонски игран филм за млади

Место на случување: Детски парк, Општина Стар Дојран

 Ден втори, четврток, 8 август 2024 година

 СТУДЕНСТСКА ПРОГРАМА

Пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови.

11:00 часот

Место на случување: Музеј на град Дојран

 ВЕЧЕР ВО ЧЕСТ НА ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ

 20:00 часот

ВИДЕО ОМАЖ ОД ФИЛМОВИ НА ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ

Интервју со Владо Јовановски

Разговори со публиката

„Татко“, 16 минути, Светозар Ристовски

Место на случување: Амфитеатар на град Дојран

​Ден трети, петок, 9 август 2024 година

 СТУДЕНСТСКА ПРОГРАМА

 11:00 часот

Пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови.

Место на случување: Музеј на град Дојран

 Ден трети, петок, 9 август 2024 година

20:00

Доделување на наградата Мето Јовановски за Извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот Владо Јовановски.

Свечено отворање на фестивалот

 Спроти брановите, натпреварувачка програма

 „Параноик“ на Андреј Георгиев, Македонија, 2024, 9мин.

„Руски конзул“, Мирослав Лекиќ, Србија

„И покрај тоа што е ноќ“ на Гилермо Гарсија Лопез, Франција

 Место на случување: Амфитеатар/Црква Свети Илија, Стар Дојран, 20:30 частот

 Ден четврти, Сабота, 10 август 2024 година

 Спроти брановите натпреварувачка програма

20:00 часот

„Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески, Македонија, 2023

„Сребрен бунт“, Дан Шадур, Израел

„Волкот и мачката“ на Жан-Себастијан Бернар, Франција

22:30

„Тишина“ 6-9, Христос Пасалис, Грција

„Човекот кој не можеше да молчи“, на Небојша Слијепчевиќ, Хрватска, 2024,

„Балада“ на Кристофер Нилсон, Франција, 2023, 13мин.

 Амфитеатар на Град Дојран

 Ден петти, недела, 11 август 2024 година

20:00 часот

„Ѕвездена“ на Александра Лазаровски, Србија, 2024

„Хотел пула“, Андреј Коровљев, Хрватска

 Свечено затворање на фестивалот

Доделување на фестивалските награди

Доделување на грантовите за дипломски студентски филмови

22:30

„Подрум“ на Омер ферхат Озмен, Турција, 2024,

„Лошо на момент“ на Даниел Соарес, Португалија

„Заразени“, Себастијан Ваничек, Франција

- Реклама -