Владата за видеото на Џамбаски: „Тоа се дејствија против добрососедството и против пријателството“

„Сите дејствија на кој било чинител кои одат спротивно од дијалогот, од грижата за другиот и од градењето доверба, се дејствија против добрососедството и против пријателството“, велат од Владата во одговор за „МКД.мк“, коментирајќи го последното предизборно видео на бугарскиот европратеник и потпретседател на бугарската ВМРО-БНД – Ангел Џамбаски, во кое повторно порача дека „Македонија е бугарска“.

Како што велат од „Илинденска“ бр. 2, владите на двете земји, со последната посета на премиерот Заев во Софија, упатиле јасни пораки дека Северна Македонија и Бугарија се посветени да градат позитивни односи и доверба со цел надминување на разликите.

Од Владата, воедно, упатија и охрабрување до сите чинители да се движат по патот на дијалогот и довербата и да помогнат на двата народи и двете држави побрзо да се дојде до посакуваното решение.

- Реклама -