„Според она што го знам до сега, а и јавноста го знае, шансите се извесни или големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба“, најави вчера претседателот Стево Пендаровски при посетата на apмиските единици во Тетово, образложувајќи дека внатрешните состојби, иако не ecкалиpaaт, сѐ уште не се значително редуцирани, притоа посочувајќи дека тоа е случај и со нашето опкружување.
Неговата најава се потврди и вчера по 41-вата владина седница. Како што информираа од Владата, донесен е заклучок Владата да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба.
Конечната одлука, иако сѐ поизвесна, сепак ќе биде донесена утре (четврток) на состанокот на Советот за безбедност свикан од Пендаровски со оглед дека истекуваат првите 30 дена од прогласувањето на вонpeдната состојба.