Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на денешната владина седница донесе одлука за воведување на полициски час, објави „ТВ21“.
Како што беше најавено, забраната за движење ќе важи секој ден од 22 часот навечер до 5 часот наутро, во текот на следните две недели, а стапува на сила веќе од утре.
Како што најави министерот за здравство Венко Филипче, состојбата внимателно ќе се следи на дневна основа, поради што постои можност мерката да биде продолжена и по истекот на двете недели.