Скопје, 26 јануари 2022 (МИА) – Наставата во основното и средното образование ќе продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари, одлучи Владата на денешната 7-ма редовна седница.
„Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство“, соопшти владината прес-служба.