Вице Заев – брат на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој според објавувачот на денешната „бомба“ дал зелено светло Горан Димовски викан Тушникот, од Битола, да му ја запали колата на извесен Чаки – активист на ВМРО-ДПМНЕ, во реакција до јавноста отфрли било каква вмешаност во делата што се слушаат во објавениот разговор:
„Објавените рекла-казала лаги од трети лица нема да ги попречат Заеви да даваат плати и да плаќаат даноци.
Целосно ги отфрлам како лаги и манипулации објавените рекла-казала муабети во кои трети лица го спомнуваат моето име. Тоа се очајни лаги произлезени од фејкњуз подрумите на опозицијата.
Заеви се чесни и вредни Македонци. Режимските инсталации нема да нѐ спречат да продолжиме да даваме плати, да плаќаме даноци и да ги помагаме македонските граѓани“, категоричен е Вице Заев.