Возбудена жена патувала за прв пат во животот со авион.
Патникот од соседното седиште цело време и раскажувал приказни за авионски несреќи. Преплашена, жената му рекла:
– Зошто раскажувате цело време за авионски несреќи? Јас сум слушнала дека патувањето со авион е побезбедно од она со воз, на пример.
– Е да, има незгоди и со возови. Минатата недела читав за една – си патувал возот, и во него одеднаш удрил еден авион …