ВИЦ: Мали Џокица и еден странски збор

Бара учителката од учениците да напишат по некој збор од странско потекло и да го објаснат. Се јавил мали Џокица да прочита што напишал.

– Ајде Џокица, низ страв рекла учителката.

– Перверзија, причитал тој.

– Добро, го прекинала учителката, ајде сега објасни го поимот без да употребиш ниту еден безобразен збор, како што правиш обично.

– Важи, рекол малиот Џокица. Замислете две жени како одат по една улица и јадат сладолед. Едната го лиже, а другата го гриза. Која од нив е омажена?

– Па… – се замислила учителката, се засрамила, па рекла – Онаа која го гриза?

– Не, рекол малиот Џокица. Омажена е онаа која што носи бурма, а тоа што го помисливте вие, тоа е перверзија.

- Реклама -