Вистинските суперхерои се малку луди

Повеќе... Уривањето на близначките и повикот на Обама за „активно граѓанство“ го предизвикаа раѓањето на еден необичен феномен во САД. Обични луѓе облечени во костими и со имиња како Terrifica, Mr. Invisible, Master Legend, The Ace се нарекуваат себеси реални суперхерои.


_assets_rn_img_9_9_9_7_24957999-24958002-slarge.jpgУривањето на близначките и повикот на Обама за „активно граѓанство“ го
предизвикаа раѓањето на еден необичен феномен во САД. Обични луѓе
облечени во костими и со имиња како Terrifica, Mr. Invisible, Master
Legend, The Ace се нарекуваат себеси реални суперхерои.

Иако Master Legend е еден од првите кои себеси се нарече „Суперхерој од реалниот живот“, ова не е осамен случај – всушност во последните години тоа прерасна во феномен во САД. Некои од нив беа инспирирани од настанот со уривањето на близначките. Нивниот аргумент е дека доколку некои насилни индивидуи можат да бидат опасност за светот, зошто некои други не можат да се борат за неговото спасување.

„Што е Осама Бин Ладен ако не негативец кој во својата пештера прави планови да не уништи?“ прашува Зелената Скорпија, маскиран одмаздник од Аризона. Верни на стилот на стриповите, секој од овие суперхерои има своја естетика и свој суперхеројски костим. Зелената Скорпија е име инспирирано од пустинската Аризона, домот на овој реален суперхерој кој неодамна им објави на „криминалците од Аризона и подалеку“ да престанат со нелегалните активности доколку не сакаат да се соочат со него.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

Во последните неколку недели, инспирирани од повикот на Обама за „активно граѓанство“ во текот на неговата претседателска кампања, се појавија уште 20 „Reals“ како што тие се нарекуваат себеси. Правилата на „The Reals“ – ите се едноставни: нивниот повик е правење на добри дела, во потајност и без материјална корист. Тие мора да креираат свој оригинален суперхеројски костим кој ќе одговара со нивното суперхеројско име. Нивното оружје не се мускулите, туку интернетот – основното оружје во нивната војна против криминалот е нивната матична веб страница преку кој ги шират пораките за пропаст на негативците. [The Legend of Master Legend] [Amateur crimefighters are surging in the US]

- Реклама -