Вистинските имиња на измислените ликови

ИмињаДали знаете како се вика Типот со стриповите од „Симпсонови“? Или пак Волшебникот од ОЗ? Или можеби Барби? Голем дел од ликовите кои станале популарни по своите прекари имаат и полни имиња, само што ретко кој ги помни. Еве некои од нив.

Дали знаете како се вика Типот со стриповите од „Симпсонови“? Или пак Волшебникот од ОЗ? Или можеби Барби? Голем дел од ликовите кои станале популарни по своите прекари имаат и полни имиња, само што ретко кој ги помни. Еве некои од нив.

Имиња1. Типот со стриповите од „Симпсонови“ се вика Џеф Албертсон. Ова воопшто не било одлука на креаторот на серијата, Мет Грунинг. Тој изјавил дека не бил во собата кога писателите му го дале името на ликот. Според него, тој требало да се вика Луис Лејн и да биде опседнат со Лоис Лејн.

2. Полното име на куклата Барби е Барбара Милисент Робертс. Нејзиниот партнер Кен се презива Карсон.

3. Човекот со жолтатата шапка од „Љубопитниот Џорџ“ во една избришана сцена се именува како Тед Шакелфорд. Со оглед на тоа што сцената била избришана, можеби ова не се важи.

4. Името на маскотата на најпопуларната друштвена игра на сите времиња, Монопол, се вика Милбурн Пенибегз.

5. Полицаецот од Монопол исто така има име – Едгар Малори.

6. Мишелин човечето се вика Бибендум.


7. Шеги од „Скуби Ду“ има прилично нормално име, Норвил Роџерс.

8. Вистинскиот идентитет на „Осамениот рејнџер“ е Џон Рид.

9. Можеби најчудното полно име од сите ликови го има „Волшебникот од ОЗ“, кое е навистина полно: Оскар Зороастер Фадрик Исак Норман Хенкел Емануел Амброиз Дигз. Еве што самиот вели за него: „Тоа беше ужасно долго име да му се наметне на едно дете и една од најтешките лекции што некогаш ги научив беше запомнувањето на сопственото име. Кога пораснав, се нареков себеси само ОЗ, зашто останатите иницијали (P.I.N.H.E.A.D) спелуваа глупчо, што беше одраз на мојата интелигенција“.

- Реклама -