Вистинските 10 божји заповеди (видео)

10 заповедиДали ги знаете десетте заповеди според кои се водат сите христијански религии во светот? Дури и ако мислите дека ги знаете, бидете сигурни дека не е баш така. Вистинските 10 заповеди во Библијата звучат малку поинаку од она што до сега го имате слушано…

10 заповедиДали ги знаете десетте заповеди според кои се водат сите христијански религии во светот? Дури и ако мислите дека ги знаете, бидете сигурни дека не е баш така. Вистинските 10 заповеди во Библијата звучат малку поинаку од она што до сега го имате слушано…

За да бидат вистинските 10 заповеди, тие мора да исполнат 3 услови. Прво, да му бидат предадени на Мојсеј од Јахве, второ, да бидат напишани на камен и трето, во Библијата да бидат ословени како „десетте заповеди“. Оние што се предаваат како такви, ни оддалеку не ги исполнуваат овие услови. За подетално објаснување за сложеноста на ова прашање, погледнете го видеото:

{youtube}pkCJ8rb8Grw{/youtube}

Вистинските 10 заповеди што се запишани во Библијата се:

1) Зашто не смееш да се поклонуваш на друг бог. Па Господ – името Му е Ревнител – Бог е ревнив. Излез 34:14
2) Не прави си леани богови! Излез 34:17
3) Пази го празникот Бесквасни лебови – јадејќи пресен леб седум денови, како што ти наредив – во одреденото време во месецот Авив, зашто во месецот Авив излезе од Египет. Излез 34:18
4) Секое првороденче на мајчиното крило Ми припаѓа Мене: секое машко, секое првородено на твојот ситен и крупен добиток. Излез 34:19
5) Шест дена работи, а на седмиот откажи се од работите, сеедно ако е и во доба на орање или во време на жетва. Излез 34:21
6) Празнувај го празникот Седмици – на првите плодови на пченичната жетва – и празникот Берба на крајот на годината. Излез 34:22
7) Трипати годишно сите машки нека се појават пред Господа Јахве, Израелевиот Бог. Излез 34:23
8) Од жртвата што ми ја имаш наменето не принесувај крв со ништо потквасено. Излез 34:25
9) Во домот на Господа, својот Бог, донесувај ги најдобрите плодови на својата земја. Излез 34:26
10) Не вари го јарето во млекото на неговата мајка. Излез 34:26

- Реклама -