Вистинскиот Spider-Man го посети Лондон (видео)

Spider-Man може да се движи по вертикални површини, но тој е сепак само лик од стрип. Но затоа ова видео во YouTube е доста блиску до станување вистински Spider-Man.

Облечен во карактеристичната сино-црвена комбинација на суперхеројот овој неидентификуван маж – Питер Паркур според насловот на видеото – се движи на доста уникатен начин низ Лондон. Ова видео, кое било поставено на YouTube во вторникот, е дел од промоцијата за Blu-ray и DVD од The Amazing Spider-Man.

- Реклама -