Корисниците на Редит, ги споделија своите секојдневни приказни за ситуации кои „обичните“ луѓе веројатно не можат да ги замислат.
Оној кому никогаш не му била загрозена егзистенцијата, тешко може да замисли во какви се ситуации се доведуваат луѓето, поради сиромаштијата. И тоа, не само онаа која е карактеристична за земјите од третиот свет, туку и онаа „обичната“ и „секојдневната“, која е почеста и во развиените земји.
„Што и како сиромасите купуваат, а останатите за тоа немаат поим?“, е прашање покренато на Редит, а корисниците споделиле секојдневни приказни за ситуации кои обичните луѓе не можат ни да си ги замислат.
„Мојата канцеларија има заеднички тоалет, па така во него има секакви неопходности, за жени и мажи. Еднаш месечно останувам да работам прекувремено и ја полнам кесата со тампони за мојата сопруга“.
„ Кога бев мал, Бургер – кинг имаа понуда, особено за деца, два мини бургери споени како да станува збор за некој бургер-експеримент. Некогаш одевме таму. Мојата вечера беше еден ипол мини бургер, а половина за мама. Покрај тоа имаше и гратис пијалок.
„ На 17 години се отселив од кај родителите. Немав пари, единственото што го имав беше еден „стар“ автомобил. Една гума беше дупната и морав да зминам по нова. Меѓутоа, кога стигнав ми рекоа дека сите 4 се во лоша состојба и дека морам да ги променам. Седев и плачев. Тогаш управникот тропна на мојот прозор. Ми рече дека има сет гуми за мене. Му се заблагодарив и му кажав дека немам пари. Меѓутоа, тој ми одговори да не се грижам и да му платам кога ќе дипломирам“.
„Имав тешко детство. Живеевме добро, а тогаш нашиот татко не напушти. Од мојата деветта до 18 година бевме страшно сиромашни. Еднаш можевме да си дозволиме да излеземе и го делевме појадокот кој чинеше помалку од еден долар – мама, брат ми, сестра ми и јас. Сега пораснав и најважна цел ми е моите деца да не дознаат што е сиромаштија. Ништо не те мотивира повеќе во животот како сеќавањето на борбата околу последната колбасица“.