Вистински автомобил направен само од LEGO коцки, а вози на воздух

Вака секое дете ја замислува да изгледа количката што ќе ја направи од коцки  – да вози, и тоа на воздух.

Super Awesome Micro Project, како што е наречена, е изградена од повеќе од пола милион LEGO коцки. Наводно, достигнува брзина од 20-30 километри на час, а моторот, кој работи стриктно на воздушен притисок има 256 LEGO клипови.

Lego-Car-engine-close[1]

Автомобилот е дело на Стив Самартино (претприемач) и Раул Оаида (гениј за технологија), по брза и успешна донација од Twitter следбениците. Тие побарале 20 пакети LEGO, но твитерџиите донирале дупло повеќе, што може да се заклучи со само еден поглед на „златните“ бандажи.

Driving-the-Lego-Car[1]

Деловите од автомобилот што носат најмногу товар се зајакнати со не-LEGO делови, но сето останато е направено чисто од коцки и детска желба и визија.

- Реклама -