Можеби се најпопуларните компјутерски игри на сите времиња, но зад нивното постоење има многу поважна причина отколку тоа да се „само“ игри.
Solitaire се појавува во 1990-тата година, со цел да ги подучи и навикне луѓето на користење на компјутерски глушец, поточно да им ја доближи функцијата „drag and drop“ („повлечи и пушти“). Сé дотогаш, компјутерските корисници беа навикнати „пешки“ да ги запишуваат и извршуваат командите. За тоа дека Solitaire одлично си ја одигра улогата говори и фактот што дури и денес, многу од работните часови (особено во администрацијата) се посветуваат на „влечење и пуштање на карти“.
Раѓањето на Minesweeper во 1992-та година, исто така не е без причина. Играта е дизајнирана со цел дополнително да ги зближи корисниците со маусот, поточно со левиот и десниот клик. Microsoft сакаше оваа акција да стане нагонска, а нема подобар начин да се постигне тоа отколку преку забава.
Minesweeper и Solitaire беа составен дел на оперативниот систем Windows сé до 2012-та, кога беше пуштен во оптек Windows 8, за потоа Microsoft да ги врати во најновиот Windows 10, можеби со цел да ги научи корисниците како да ја користат Windows Store опцијата.