За оние кои немаат слушнато за Бурџ, се работи за облакодер кој е во изградба од септември 2004 година, каде ако не во Дубаи. На 21 јули 2007 година со висина од 512 метри ја презеде титулата на највисока зграда во светот надминувајќи го Тајпеј 101 кој е висок 509 метри; на 13 септември 2007 со висина од 555 метри стана и највисока градба во светот надминувајќи ја ЦН Кулата во Торонто за 2 метри. Висината на овој облакодер од 5 февруари 2008 изнесува 605 метри, а истата е само 2/3 од предвидената висина која се очекува да биде од 800-950 метри.

Но
она што повеќето не го знаат е дека од 6 феврари 2008 започна
изградбата на ривалот на овој облакодер, повторно во Дубаи. Се работи
за Ал Бурџ кој се предвивува да биде висок од 1050-1200 метри. Бурџ Дубаи првично беше шпекулирано дека ќе се заврши на 30 декември 2008 со висина од 800 метри. Дали е ова случајност, или со продолжувањето на крајниот рок и зголемувањето на плановите за висина сопствениците на овој облакодер сакаат барем малку да ја намалат висинската разлика со Ал Бурџ можеме само да претпоставуваме. Како и да е, кога ќе се заврши Бурџ дубаи ќе биде највисока градба направена од човекот, но титулата ќе ја задржи само додека Ал Бурџ не ја надмине.
Колку Дубаи напредна како туристички и центар на архитектурате не се показател само овие два облакодера, туку и уште 79 други кои се во изградба, како и тоа дека Дубаи е дом на единствениот хотел со 7 ѕвезди во светот, единствениот подводен хотел, како и на неколкуте вештачки острови во форма на палми и мапа на светот.
Доколку сакате визуелна претстава за колку ќе бидат овие згради високи во однос на други облакодери, погледнете овде и овде. Повеќе за Бурџ Дубаи можете да видите и на официјалните страни: burjdubai.com и burjdubaiskyscraper.com; повеќе за Ал Бурџ можете да прочитате овде и овде (официјалните страни се уште во изработка). Секако не заборавајте да ги погледнете и видеата подолу.
Епизода од Discovery Really Big Things за Бурџ Дубаи
{youtube}5LjTWSKbfiU{/youtube}
Реклама за Бурџ Дубаи
{youtube}GpjfBS7nzZ8{/youtube}
3D скица на Ал Бурџ Дубаи
{youtube}iWPJUWrMLmo{/youtube}