Вимблдон: Убедливо враќање на Ѓоковиќ во тенисот


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше импресивно враќање на тенисот откако го повреди десното колено на Ролан Гарос Во првото коло на Вимблдон го победи чешкиот играч Вито Коприва со 6-1, 6-2, 6-2.

Неполни два часа беа доволни за вториот носител и седумкратен освојувач на Вимблдон да слави против 123. тенисер во светот и играчот кој квалификациите ги мина на лондонската трева.

Во секој поглед 37-годишниот Ѓоковиќ доминираше во текот на натпреварот, особено на почетниот удар. Во првиот сет загуби само еден сервис поен, а во вториот три. Коприва пружи нешто посилен отпор во третиот сет, но и тоа беше премалку за да му се закани на Ѓоковиќ и да освои повеќе од два гема. Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра против победникот од мечот во кој се среќаваат Шпанецот Моро Канас и Британецот Фирнли.

Многу едноставен старт на Вимблдон имаше и четвртиот носител, Германецот Александер Зверев, кој го совлада Шпанецот Роберто Карбалес Баена со 6:2, 6:4, 6:2, додека три тај-брејка беа забележани во австралискиот дуел меѓу Алекс Де Минор и Џејмс Дакворт. Де Минор ги доби сите три, победувајќи со 7:6(1), 7:6(3), 7:6(4).

Во првото коло е елиминиран 20-от носител Американецот Себастијан Корда, во дуел со дури четири тај-брејка. Французинот Џовани Мпетши Перикар беше подобар со 7-6(5), 6-7(4), 7-6(6), 6-7(4), 6-3.

- Реклама -