Вилшер: За Англија треба да играат само Англичани

Играчот од средниот ред на Арсенал, Џек Вилшер не сака талентот на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај да биде дел од англиската репрезентација.

18-годишниот Аднан Јанузај важи за голем талент, тоа го покажа и на натпреварот против Сандерленд кога со неговите два гола му донесе победа на Јунајтед.

Јанузај сеуште не одбрал репрезентација за која ќе игра, а може да настапува за Белгија, Србија, Англија, Албанија, Турција и Косово.

Сепак, Вилшер не го сака Јанузај во англиската репрезентација.

„Сако Англичани треба да играат за англиската репрезентација” – вели Џек Вилшер.

„Доколку живеете пет години во Англија, тоа не ве прави Англичанец. Доколку отидам во Шпанија и живеам таму пет години, нема да играм за Шпанија”.

„Треба да знаеме што сме. Ние сме Англичани”.

Англија е една од опциите за Јанузај, но тој никогаш не изразил желба да настапува во дресот на Гордиот Албион, не посочил ниту една репрезентација како негов фаворит.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -