Лондон, 3 септември 2021 (МИА) – Шефот на Ред Бул – Кристијан Хорнер, објави дека Вилијамс и Алфа Ромео се заинтересирани за нивниот пилот Александар Албон.
„Алекс заслужува место за борбен пилот следната година. Веќе постои интерес за него. Ќе направиме сè што е во наша моќ за тој да може да настапи. Сега, со евентуалното заминување на Расел од Вилијамс и Кими Раиконен во пензија, се отвораат можности за Албон. Вилијамс и Алфа Ромео веќе покажаа интерес за Алекс. Се надевам дека во наредните денови ќе биде појасно околу неговата иднина“, изјави Хорнер за „Racefans“.
Албон во моментов е резервен пилот на Ред Бул.