Денеска кога сите се палат на стомачните на Пеналдо, гафовите и глупостите на Балотели, милионските „мегатрансфери“ итн… Ве враќаме преку 100 години назад. Запознајте се со голманот кој тежел повеќе од 150 килограми, а бил жилав како мачка. Уште ако му згрешите …. сте се заебале, опасно!
Вилијам Хенри Фулк, роден е во 1874 година. Фудбалската кариера ја започнал со 20 години на голот на Шефилд Јунајтед за кој бранел десет сезони. Со овој тим бил шампион на Англија и одиграл три финалиња на ФА купот од кои со овој клуб има освоено две.
Она што го прави навистина посебен голман се неговата висина (193 см), и тежина од неверојатни 150 кг. “Fatty” (дебелко) беше популарен и поради скандалите, така што на натпреварот од ФА Купот против Саутемптон кој се играше во 1902 година, тој на еден мошне специфичен начин го изрази своето негодување поради контроверзната судиска одлука.
Шефилд Јунајтед непосредно пред крајот на мечот водел со 1:0, но Саутемптон во последната минута изедначил со гол од офсајд. Кога натпреварот завшил, популарниот „дебелко“ во знак на протест се соблекол гол и се стрчал кон судиите кои исплашени од оваа глетка, г`з преку глава, директно у соблекувалните. На крајот, водечките луѓе на ФА кои биле присутни на натпреварот морале да го смируваат и да го молат да ја облече барем долната облека.
Сепак, Фоук не привлекувал внимание само со својот изглед туку и со своите одбрани. Иако тежел над 150 кила, англиските фудбалски архиви го опишуваат како невообичаено подвижен и вешт голман. Во 1905 година тој се преселил во Челзи, што е особено добар потег, бидејќи публиката од цел Лондон доаѓала секој викенд на „Стемфорд Бриџ“, со цел да го гледа овој „чуден“, па повеќе чудесен голман.
Челзи за овој трансфер платил 50 фунти, но овие пари на „сините“ им се вратиле повеќекратно бидејќи продажбата на билетите за домашните натпревари скокнала двојно по пристигнувањето на популарниот „Fatty“ во клубот.
Аналитичарите велат, публиката се туркаше, на трибините на „Стемфорд Бриџ“ за да го гледа на дело „дебелиот“.
Интересно е што овој голман со својата големина ги плашел противничките играчи, така што управата на Челзи применила еден трик. Имено, според легендата, покрај секоја статива на голот на Фоук, за време на натпреварите на „Стемфорд Бриџ“, биле две момчиња со цел да се добие уште поуверлив впечаток за физичката големина на Фулк.
Фулк во својата кариера настапил на еден натпревар за англиската репрезентација. Тоа било во далечната 1897 година на натпреварот против Велс. Овој голман почина на 42 години, по кратка, сериозна болест нешто по завршувањето на фудбалската кариера.