Самата по себе, идејата за вила на медитеранот звучи богато.
Но, кога ќе се разгледа Port Andratx, кое е главна туристичка дестинација во Мајорка, Шпанија, работите се уште подобри. Мајорка Вила, претставена на фотографии од Марко Ричер, е олицетворение на лесно, луксузно живеење. Стилскиот, модерен ентериер не е значаен толку, тука вистинска ѕвезда на овој простор е погледот кој го одзема здивот и во кој може да се ужива од секоја педа на имотот.
Завземајќи речиси 4,000 квадратни метри, резидентцијата Мајорка Вила нуди многу простор за да се чувствувате удобно. На отворен-концепт на пониското ниво, има релаксиран дневен простор кој располага со преголем кауч. Доколку времето е убаво може да се отвори вратата на лизгање и да се пушти топлиот ветер и мирис на морето. Или, доколку е студена зима тука е каминот да ве стопли.
Треба да се земе во предвид модерните, еколошки вградени единици. Од дневна соба, просторот природно се преобразува во елегантна кујна. Просторот располага со маса за шест и несомнено овозможува совршено место за поглед кон зајдисонцето.
На горниот кат се наоѓаат спалните соби и бањите. Главната бања е минималистичка, правејќи свесен избор во откажување на вратите, но не и од големата када. Сите спални имаат сопствени тераси со поглед кон океанот. Вилата не може да биде комплетирана без голем двор и базен.
Со сите овие убавини, лесно е да се види зошто оваа вила е на пазарот за 3,6 милиони долари. Би сакале да ја наречете свој дом?