Лоцирана во непосредна близина на мало езеро, вилата „Авијатичарот“ нема начин да не ги привлече погледите на минувачите.
Таа е дизајнирана од Urban Office Architecture и личи на случајно наредени делови од авион, на едно место.
Куќата е ориентирана кон максимално изложување на сончева светлина, но за да се осигура дека сончевите зраци не се премногу силни во внатрешноста, на стаклата се монтирани заштитни метални рамки.
Спалната соба се наоѓа на последниот кат на вилата, имитирајќи ја пилотската кабина.