Викенд со тато: Рамстор Мол повикува на заедничко одбележување на Светскиот ден на таткото

Почитта кон улогата на мајката отсекогаш била интересна тема за празнично одбележување. Сепак, вреди да се означат и љубовта и почитта кон другиот родител. Денот на таткото се одбележува секоја трета недела на месец јуни насекаде низ светот.Токму затоа на 19,20 и 21 Јуни, Рамстор Мол подготвува забавна и вредна викенд програма со која симболично ќе се потенцира важноста на улогата на таткото.

Под мотото ,,Викенд со тато,, посетителите во трговскиот ќе искусат бројни поволности и попусти на машката колекција како и програма за уживање на татковците и нивните деца исполнета со: натпревари, работилници, музички и спортски игри и многу дружења и забава во наведените термини.

Со оваа кампања Рамстор Мол ги повикува сите посетители на одлично викенд дружење и им го честита Светскиот ден на таткото на сите татковци.

11421605_1000179213348135_227222336_n

- Реклама -