ВИДЕО|СП хокеј: Чешка ја освои светската титула


Чешките хокеари станаа светски шампиони по седми пат во својата историја, откако во финалето во Прага ја совладаа Швајцарија со 2:0 (0:0, 0:0, 2:0).

По 14 години Чешка повторно ја освои светската круна, седма во нејзината историја, додека Швајцарија остана без првото злато. Вкупно швајцарската селекција има освоеби 12 медали, од кои четири сребрени и осум бронзени.

Финалето беше решено во последната третина во која домаќините ги постигнаа двата гола. Давид Пастрнак го доведе чешкиот тим во предност на десет минути пред крајот на мечот, а победата ја потврди Давид Кампф со гол на 19 секунди пред крајот погодувајќи во празната мрежа. Одличен настап имаше и чешкиот голман Лукаш Достал кој забележа 31 одбрана.

Во мечот за третото место Шведска ја победи Канада со 4:2 (1:0, 0:1, 3:1).

Шведска поведе во 13. минута со голот на Карл Грундстром, а израмни Дилан Козенс во 23. минута. Канаѓаните го свртеа резултатот во петтата минута од последниот период, поведоа предност од 2-1 со голот на Лук Пјер Дубоа, но Швеѓаните победија со три гола во низа.Стрелци беа Ерик Карлсон (50), Грундстром (54) и Маркус Јохансон (60).

Тоа беше првиот медал за Швеѓаните по 2017 и 2018 година, кога беа светски шампиони. Вкупно досега Шведска има освоено 48 медали на светските првенства, од кои 11 златни, 19 сребрени и 22 бронзени.

Следната година елитните групи на Светското првенство ќе се одржат во Шведска и Данска. Од натпреварувањето годинава отпаднаа Велика Британија и Полска, а во неа се враќаат Словенија и Унгарија.

- Реклама -