Една од најпопуларните грчки пејачки, Маринела, во четвртокот е на интензивна нега, откако доживеа мозочен удар во средата во текот на концертот во култниот дредвен атински Одеон, во подножјето на Акропол, пренесуваат медиумите.
На видеата направени од трибините се гле да како 86-годишната фолк-пејачка колабира на сцената за време на концерт.
Маринела доживеа „сериозен мозочен удар“ и се наоѓа на интензивна нега, се вели во соопштението од болницата во која е примена во четвртокот.
Пејачката, чија кариера трае повеќе од шест децении, ја претставуваше Грција на Евровизија во 1974 година, на која победи шведската група АBBA со нивната песна „Waterloo”.
Маринела е уметничко име на грчка пејачка чие вистинско име е Киријаки Пападопулу. Од почетокот на нејзината кариера во 1957 година, таа има издадено 66 соло албуми и оствари плодна соработка со неколку други уметници.
Таа, исто така, беше успешна филмска актерка и ја задржа својата популарност до ден-денес.
#Μαρινελλα: Ένας μύθος καταρρέει επι σκηνής.
Τραγουδώντας το “Θεέ μου μας έμαθες εσύ, τόσο πολύ να αγαπάμε”.
Στην σκηνή μέχρι τελευταίας πτώσης, για να ξορκίζει το αναπόφευκτο τέλος.
Τεράστια, μεγαλειώδης! pic.twitter.com/sPycuEhHBs— ελ σαλταδόρ (@elsaltador1) September 25, 2024