(ВИДЕО) Заев, Шекеринска и Џафери слетаа на американски носач на авиони: Ден исполнет со адpeналин!

„Заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Претседателот на Собранието Талат Џафери, остваривме средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол, која се одржа на носачот на авиони ‘Хари С. Труман’“, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

И тој и Шекеринска се пофалија дека тоа било можност одблизу да се доживеат импресивните воени способности на воено-поморските сили на САД, кои покрај на американските граѓани, им служат, како што напиша Заев, и на сите граѓани на земјите членки на НАТО.

„Ден исполнет со адреналин! … Стануваме 30. членка на НАТО и веќе сме дел од семејството“, напиша Шекеринска. „Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација. Северна Македонија припаѓа во најсилниот систем на колективна безбедност. Најсилните земји во светот се наши сојузници, а Северна Македонија е 30та полноправна земја членка на НАТО“, напиша Заев.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата

На носачот Хари С. Труман присуствуваше и бугарскиот премиер Бојко Борисов. И тој не пропушти да го сподели возбудливиот ден на Фејсбук, фалејќи ги одличните американско-бугарски односи.

- Реклама -