Јануарската реклама на Volkswagen наиде на одлични реакции и насмеа многумина. Се однесува на системот IQ.DRIVE, кој под еден кров ги обединува сите интелигентни системи за помош на возачите кои моментално се достапни во нивните автомобили. Се мисли на системите за помош при возење (како Front Assist with City Emergency Brake function и Lane Assist), паркирање (Park Assist) и генерално поголема безбедност, а сé тоа кон главната цел да се овозможи автоматизирано возење од 5-то ниво (целосно автономно возење без возач) во иднина.
„Во иднина, возилата на Volkswagen ќе можат сами да бараат место на паркинг и да патуваат по автопат без човечка помош. Со други зборови, возилата ќе забрзуваат, кочат и вртат независно, реагирајќи интелигентно“, најавуваат од компанијата.
Можеби системот на Volkswagen сé уште не е стигнат до тој степен, но дефинитивно е на добар пат. А особено е погоден за металци. Зошто, погледнете во рекламата: