Иако е познато дека горилите одвреме навреме знаат да зачекорат на две нозе, тоа воопшто не се случува често, и дефинитивно не изгледаат така природно како одењето исправен да им е секојдневие.
Кај горилата Луис од зоолошката во Филаделфија, меѓутоа, важи обратното. Како што пишува на Фејсбук профилот на зоолошката, него често ќе го видите како оди на две нозе кога рацете му се полни со „грицки“, ама и кога земјата е каллива. Зошто? Зашто Луис не сака да си ги валка рацете!