Авионот на ракетен погон на „Dawn Aerospace“ успешно го заврши својот прв суперсоничен лет, се вели во соопштението на компанијата, која го унапредува развојот на авиони способни за лансирање сателити.
Се вели дека леталото „МК-11 Aurora“ ја надминало брзината на звукот првпат на 12 ноември, достигнувајќи 1,1 мах и искачувајќи се на височина од 25,1 километар.
„Ова е двојно повеќе од комерцијалните авиони и е првпат цивилен авион да стане суперсоничен по (француски) Concorde“, се вели во соопштението на компанијата.
Пробниот лет бил изведен во близина на планината Кук на јужниот остров во Нов Зеланд.
„Dawn Aerospace“, чии заеднички седишта се во Холандија и Нов Зеланд, развиваат вселенско летало на ракетен погон што може да се користи за лансирање сателити. Компанијата последните неколку месеци го тестираше својот најнов модел.
„Ова достигнување го истакнува огромниот потенцијал на авионите со ракетен погон да постигнат невидени перформанси“, рече Стефан Пауел, извршен директор на „Dawn Aerospace“.
Компанијата соопшти дека „МК-11 Aurora“, исто такам најбрзиот авион што некогаш се искачил од нивото на земјата до височина од 20 километри.
„Aurora“ е дизајнирана да лета до работ на вселената двапати во еден ден со брзина од 3,5 маха, придвижувана од чиста ракетен пропулзија.