Неодамна британскиот печат активно пишуваше за новото оружје на руската флота кое наводно предизвикува халуцинации и повраќање. Се шпекулира дека со таквото оружје – Filin 5P-42, е опремен и рускиот ракетен носач „Адмирал Горшков“, кој минатата недела помина во близина на британскиот брег.
И додека дел од британските медиуми смируваа дека се работи повеќе за пропаганда отколку за некакво опасно оружје, телевизијата на руското Министерство за одбрана – „Zvezda“, ја објави првата ексклузивна снимка од Filin 5P-42, направена за време на тестирањето на истото.
Се работи за несмртоносно, одбранбено оружје, поточно визуелен-оптички попречувач кој може да ги заслепи непријателите и да предизвика лошење, чувство на дезориентација, па дури и халуцинации. Емитува пулсирачки светлосни снопови кои му ја попречуваат визијата и оптичките апарати на непријателот, меѓу кои и ноќните нишани, далечинометрите, уредите за ноќно набљудување, како и уредите за наведување на противтенковски ракети, во радиус до 5 километри.
Како што известуваат британските медиуми, при поминувањето на „Адмирал Горшков“ (со придружба од уште неколку руски бродови) низ Северното море во близина на шкотските острови, британската Кралска морнарица веднаш го испратила носачот HMS Defender, со цел да ја следи групата и да внимава дали се кршат меѓународните протоколи.
Filin 5P-42 во акција можете да го погледнете на 4:53 во видеото:
https://youtu.be/ztuNnWpgmwg?t=293