Рибари во Италија, кај островот Прочида во близина на Неапол, имаа можност со свои очи да се уверат колку се извонредни животните кога сакаат да ја искажат својата благодарност.
Рибарите го ослободиле младиот делфин кого го нашле заплеткан во нивната мрежа, а потоа, на нивно големо изненадување, започнало шоу. Младиот делфин, но и неговата мајка, започнале да изведуваат скокови над водата, а рибарите тоа го дочекаа со аплаузи и скандирајќи „Либеро!“ („Слободен!“).