Видео: Породување и првите моменти на мајчинска љубов – ама на горила

Горилата Калаја од Националната зоолошка Смитсонијан во Вашингтон неодамна за првпат стана мајка. Целото породување 16-годишната приматка го обави сама, а луѓето посебно ги разнежни моментот кога за првпат го бакнува своето бебе.

Младенчето Мока е првата горила родена во зоолошката во последените девет години. Сепак, важно е и за светот, затоа што горилите се загрозен вид. Иако околу Калаја е ангажиран посебен тим со цел да ѝ помогне на секој можен начин околу грижата за нејзиното младенче, тие се убедени дека таа ќе биде одлична мајка дури и без нив.

А сега, снимката. Ако не сте виделе експлицитно породување на горила, сега ќе видите.

- Реклама -