Лабрадор од аргентинскиот град Генерал Рока стана локална атракција и онлајн сензација – меѓу латино корисниците на социјалните мрежи се прошири видео од тоа куче како без прекин зјапа во синиот ѕид на една од локалните автобуски.
Кучето по име Чико вака го поминува најголемиот дел од своето време, а последната „сесија“ траела, со мали паузи, цели три дена. Може да стои, да седи, а некогаш и да лежи, но погледот секогаш му е втренчен во истиот син ѕид, како таму да има нешто што другите не можат да го видат. Дистракции од страна на луѓе ретко имаат ефект.
Сé што би ви текнало вас како можно објаснување, од духови па до мозочно оштетување или некаква кучешка деменција, веќе е предложено од некој друг. Сепак, сé уште никој не знае што е причината за ваквото бизарно однесување на Чико; ниту неговиот сопственик, ниту пак локалните ветеринари…