Живееме во ера кога сé што правиме е регистрирано на камера и споделено онлајн. Сега дури и бегствата од затвори.
Како што пренесува San Francisco Chronicle, Џонатан Теу (20), Бак Дуонг (43) и Хосеин Најери (38) го снимиле своето бегство од централниот затвор во Orange County во Санта Ана, Калифорнија, со прошверцуван мобилен телефон.
Бегството на тројцата затвореници се случило во јануари 2016-та, но видеото е објавено дури сега, и тоа со помош на адвокатот на затвореникот Најери, кој го доставил до Асошиејтед Прес.
На видеото се гледа како тројцата се качуваат низ вентилациски тунел до кровот на установата. Оттаму искористиле јажиња од врзани чаршафи за да се симнат (4 ката) од другата страна на оградата.
[spoiler title=’Ако ве интересираат деталите, кликнете тука.’ style=’default’ collapse_link=’true’]Во бегство биле 8 дена, по што биле одново уапсени. Во текот на овие 8 дена киднапирале таксист и го натерале да ги вози сé до Сан Хозе, а попат украле и транспортно комбе, кое исто така го возеле со нив до дестинацијата.
По не баш кратката дилема дали да го убијат таксистот, решиле да го остават жив и да го вратат заедно со неговото возило во Лос Анџелес. Дуонг, сепак, решил да се врати заедно со таксистот во Санта Ана, каде што ѝ се предал на полицијата. Два дена подоцна биле уапсени и другите двајца.[/spoiler]