
Кристијан е поранешен фудбалер и син на газадата на Спортско Радио 90,3 ФМ од Скопје, Тони Митев, кое на македонската информативна сцена е присутно 30 години, додека Тамара е сестра на популатниот актер од Театар „Комедија“ Тино Костадиновски, кој во тандем со Атанас Атанасовски со години ја засмеваат македонската публика.
За подигнување на штимунгот се погрижи популарниот Влатко Миладиновски во придружба на групата Арија. Посебни гости на Кристијан беа дел од фудбалската екипа, потоа Стефан и Мартин од Некст тајм, како и Лозано.
На веселбата во ресторанот Рагуза Руфтоп 360 во Скопје и немаше крај, на која секој од присутните гости од македонската естрада додаде посебна свадбена еуфорија, а на младенците им посакаа многу среќа и радости. Газдата на Спортско Радио не се штедеше.



