Полицијата на руската престолнина запленила лимузина дизајнирана по примерот на возилото на стрип-херојот Бермен.
Возилот е изработено по примерот на она од филмот „Бетмен против Супермен“, а е запленето во центарот на Москва поради стрвавување дека не ги исполнува стандардите за безбедност во сообраќајот. Лимузината, имено, не е изработена во фабрија, не минала технички преглед и не е регистрирана.
По деталниот преглед сообраќајната полциија го исклучило возилото од сообраќајот. Полицискиот портпарол изјави дека ниту димензиите на автомобилот, не ги исполнуваат пропишаните критериуми.
Неименуваниот сопственик на „бетмобилот“ има 32 години и живее во Москва. Против него е покрената истрага поради сомневање дека сторил три прекршока. Се товари дека автомобилот нема соодветна документација, бидејќи димензиите му се поголеми од дозволените и бидејќи има некои карактеристики кои не се дозволени во сообраќајот.
Ноодамна слично возило е продаден на рускиот сајт Ауто.ру, а од САД, според пишувањеот на медиуми, еден „бетмобил’ е извезен во Русија во 2018 година. Во Русија му била унапредена електрониката, а според пишувањето на рускиот портал РБЦ, продажната цена му изнесувала 840.000 долари. Името на сопственикот не е наведено.