Оскаровецот Мел Гибсон ја смета американската потпретседателка Камала Харис, која инаку доби огромна јавна поддршка од неговите колеги во Холивуд и музичките ѕвезди во САД, за многу глупава и рече дека ќе го поддржи поранешниот републикански претседател Доналд Трамп на претседателските избори на 5-ти ноември.
Во видеото објавено во четвртокот на интернет таблоидот TMZ, австралискиот актер накратко разговарал со снимателот на аеродромото во Лос Анџелес, и ја критикувал нејзината интелигенција.
„Знам како би било ако ја избереме неа. И тоа не е добро. Бедни достигнувања. Никаква политика. Таа има квоциент на интелигенција како столб од ограда“, вели Гибсон.
Покрај тоа што ја спореди Харис со дрвен столб, Гибсон го поддржа Трамп.
„Мислам дека никој нема да се изненади како гласам“, му рекол тој на камерманот, кој му одговорил: „Претпоставувам за Трамп. Дали грешам?“
„Мислам дека прилично добро погодивте“, одговаа актерот.