Трката во Монако веројатно ќе ја одбележи „кавгата“ меѓу Луис Хамилтон и неговите механичари од „Мерцедес“. Хамилтон во повеќе наврати се пожали дека гумите му се „рикнати“, дека ќе ја изгуби трката и дека мора да влезе во пит-стоп да менува, што директно ќе ја загрозеше неговата прва позиција. Механичарите, пак, инсистираа дека знаат што прават и инсистираа да остане на патеката. Иако во еден момент Хамилтон дури и грубо им порача „не знам со кој памет ми ги ставивте овие гуми“ и дека „треба да се надеваат на чудо“, на крајот сепак нивните проценки се покажаа точни и Хамилтон се искачи на највисокото место на подиумот, со нова победа.
Меѓутоа, во позадина на главните збиднувања, се случи нешто што за малку ќе ја впишеше трката во Монако во тpaгичните поглавја од историјата на Формула 1. Серхио Перез од „Рејсинг Поинт“, како и многу други, го искористи излегувањето на безбедносното возило во раниот дел од трката за да менува гуми. При излегување од пит-стопот, додека забрзуваше кон првиот свиок Sainte Devote (слика горе), двајца невнимателни маршали на трката се обидоа да му претрчаат буквално „пред нос“.
Сантиметри беа во прашање, но Перез за чудо успеа да помине помеѓу нив, веднаш реагирајќи на тимското радио: „Што е проблемот со маршаливе?! За малку ќе ги yбиeв!“.
По трката, тој изјави дека имал многу среќа, и тој, и стјуардите. На Твитер напиша:
„По ова, среќен сум со исходот од денот – што можеме сите да се вратиме дома кај нашите семејства здpaви и живи. Во име на бeзбeднocта на маршалите, се надевам дека нема да се случи повторно!“.
Перез трката ја заврши на 13. позиција.