Видео: LG G Flex е смартфон што се превиткува

При презентацијата на првите два флексибилни смартфони имавме мало разочарување дека оваа технологија сеуште не е во напредна фаза за да обезбеди навистина уреди кои ќе се превиткуваат, но LG Flex го прави спротивното.

Овој флексибилен смартфон беше презентиран во Јужна Кореја пред една недела без конкретни информации за глобалниот пласман, но LG потврди дека наскоро ќе следи и интернационлна промоција.
Од Јужна Кореја доаѓа и првото видео од LG G Flex каде еден корисник покажува дека смартфонот навистина може да се превиткува и при тоа не настануваат никакви последици врз екранот, па погледнете и уверете се.
[youtube]http://youtu.be/WxD9UulxCc0[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.mk
- Реклама -