(ВИДЕО) „Комити“ го избраа настанот што ја одбележа 2019-та. Погодувате?

Иако во последно време некако модерно е да се користи квалификацијата „историски успех“ за сѐ и сешто, за еден настан во 2019-та веројатно сите ќе се сложат и не остава простор за поделени мислења. Зборуваме, се разбира, за втората шампионска титула на ракометниот клуб Вардар, кој од позиција на безмалку аутсајдер, поради низата проблеми со кои се соочуваше, покажа дека со огромна желба и џиновско срце може да се направи и невозможното.

На ничие изненадување, токму пристигнувањето на титулата во Скопје е моментот кој навивачката група Комити го избра како настан кој ќе ја одбележи 2019-та. Еве, уште еднаш да се потсетиме, па и да си дочекаме уште вакви и во 2020-та:

- Реклама -