Видео: Кога лав ќе те прегрне и бакне

Погледнете го ова видео како доказ на тврдењата дека не постои поголема благодарност од онаа на животните.

Ја препознал жената која што го спасила.

Жената која што можете да ја видите на видеото е од Колумбија и го пронашла овој лав како младенче во шумата, повреден и на граница на смрт.

Таа одлучила да го одведе со себе и да се грижи за него додека на заздраве. Откако лавот започнал да се враќа во живот, одлучила да го предаде во Зоолошка градина каде ќе има подобра нега и среќен дом со другите животни.

Видеото кое го гледате е нивната прва средба во зоолошката градина. Реакцијата на лавот кога ја здогледал жената говори сè.

- Реклама -