ВИДЕО| Кејт Буш соработувала на антивоениот анимиран филм „Little Shrew“


Кејт Буш вели дека е „многу заинтересирана да започне да работи на нов албум“ откако со месеци работела на кусометражниот анимиран филм „Little Shrew“ за добротворната организација War Child сакајќи да го привлече вниманието на децата погодени од војната.

Шеешест ишестгодишната исполнителка на хитот „Hounds of Love“ го издаде својот последен студиски албум во 2011 година под насловот „50 Words For Snow“.

„Многу сум заинтересиран да почнам да работам на новиот албум“, изјави Буш во разоворот со Ема Барнет за програмата „Today“ во петокот на BBC Radio 4.

Пејачката во емисијата зборуваше и за нејзиниот нов анимиран краток наслов „Little Shrew“, за добротворната организација War Child, за кој рече дека ѝ „одземал многу време оваа година“ и додаде дека штом ќе биде готов, „ќе биде подготвена за нов почеток“.

Музиката за кусиот филм е нова радиска обработка на песната на „Snowflake“ од 2024 година, која првично се појави на нејзиниот албум од 2011 година.

Буш почна да работи на анимацијата веднаш откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, што таа го опиша како „шок за сите нас“.

„Дојдов до оваа идеја за цртежи и почувствував дека луѓето всушност ќе имаат повеќе сочувство за мало суштество отколку за човекор. Сите ние станавме навистина десензибилирани поради насилството што постојано го гледаме во филмовите“, додаде Буш.

„Таму каде што луѓето само се колат, навистина. Но, кога би убиле кучето во филм, сите би се кренале на оружје. Мислам, ужасно е да се каже, но мислам дека има одредена вистина во тоа“, смета уметницата.

Буш, покрај тоа вели „Мислам дека сите минавме низ многу тешки времиња. Ова се мрачни времиња во кои живееме. И мислам дека до одреден степен сите се само истрошени.

„Мислам, минавме низ пандемијата и тоа беше голем шок. И мислам дека навистина чувствувавме дека кога ќе заврши, доколку некогаш може да се каже дека е готово, сите ќе можеме некако да продолжиме со некој вид нормален живот. Но, всушност, се чини дека само се оди од една ситуација во друга и се чини дека цело време избувнуваат сѐ повеќе војни“, заклучи уметницата.

Буш е позната по песните меѓу кои се „Wuthering Heights“, „Babooshka“, „Cloud Busting“ и „This Woman’s Work“, кои се искачуваа до самиот врв на топ-листите, а имаше и три албума број еден во Велика Британија со „Never For Ever“, „Hounds Of Love“ и компилацискиот запис „The Whole Story“.

- Реклама -