Маж ја бојадисал целата семејна куќа во близина на италијанскиот град Тревизо во сина боја за да го објави раѓањето на својот син, пренесува италијанската агенција Ansa.
Новиот татко Федерико Лучета објасни дека овој потег „исто така е поврзан со уметничката потреба да се додаде повеќе боја во секојдневниот живот“.
Таткото го напишал и името на новороденото момче Еторе со големи букви на постер долг неколку метри пред куќата во Фара ди Солиго.
Не е првпат семејството Лучета да ја покаже својата креативност. Кога пред четири години го добија своето прво дете, девојченце, поставија огромна скулптура на штркот пред куќата.