ВИДЕО I Трипл-дабл на Дончиќ за победа над Нов Зеланд, Словенија останува во игра за настап на ОИ


Селекцијата на Словенија успеа да обезбеди место во полуфиналето на квалификацискиот турнир за Летните Олимписки Игри кој се игра во Грција.

Словенците го потврдија статусот на фаворити и го суредија Нов Зеланд со 104:78 со што завршија втори во групата зад Хрватска што значи дека ќе играат со првиот од другата група во која се Грција, Египет и Доминиканска Република.

Избраниците на Секулиќ во завршницата промашија неколку шутеви, тројки за 29 разлика, момент кој ќе им го донесеше првото место во групата. Последниот шут не го реализираше Дончиќ кој ова соочување го заврши со 36 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Најголема помош му беше Нибо со дабл-дабл од 20 кошеви и 12 скокови.

- Реклама -