ВИДЕО I Томас Чекон освои златен медал на 100 метри грбно


Италијанскиот пливач Томас Чекон е победник на финалната трка во дисциплината 100 метри грбно и се закити со златниот медал на Олимписките Игри во Париз.

Одличниот Чекон успеа да ја совлада конкуренцијата и во одлична спринт-трка успеа да триумфира со време од точно 52 секунди.

Зад него останаа Кинезот Џиао Жу и Американецот Рајан Марфи, кои ги добиваат сребрениот и бронзениот медал.

- Реклама -