ВИДЕО I Тејтум му донесе победа на Бостон со контроверзна тројка 


Бостон и Торонто играа продолжение за да го решат победникот на најнеизвесниот натпревар одигран утринава во НБА, а на крајот херој за домаќините беше Џејсон Тејтум.

Првата ѕвезда на Селтикс постигна тројка со звукот на сирената за 126:123, но многу фанови го прогласија моментот за контроверзен, проценувајќи дека Тејтум направил чекори пред очите на судиите, кои замижаа пред неговото движење и дозволија шут за победа.

Тејтум го заврши натпреварот со 24 поени, а три повеќе постигнал Браун.

Далас го победи Сан Антонио, во чии редови го немаше Вембанјама, па дури и фактот што Дончиќ постигна само 16 поени не влијаеше негативно врз резултатот за домашниот тим.

Гафорд и Ирвинг со по 22 поени биле реализаторски лидери на Далас на оваа средба.

ДиЕрон Фокс ја продолжи одличната инвидиуална серија, па по 60 поени постигнати против Минесота, утринава уфрлил 49 на дуелот со Јута. Фокс е само трет играч во историјата на НБА кој постигнал 109 поени на два натпревара, нешто што им успеало уште на Коби Брајант и Вилт Чембрлен.

Овојпат Сакраменто победи, а најдобар кај гостите бил Марканен со 25 поени.

Шарлот – Милвоки 115:114
Њу Орлеанс – Л.А Лејкерс 99:104
Бостон – Торонто 126:123 (п)
Далас – Сан Антонио 110:93
Сакраменто – Јута 121:117

Фото: https://twitter.com/celtics

- Реклама -